×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наместо да се приватизираат јавните претпријатија да се професионализираат и департизираат, бара Левица

    24.12.2018 09:28 | KumanovoNews

    По одлуката за јавно-приватно партнерство на „Куманово паркинг“, и најавите за докапитализација на  ЈП „Куманово-гас“, политичката партија „Левица“, бара од локалната власт  да се откаже од намерата, а јавните претпријатија да ги професионализира и департизира, за да станат поефикасни во своето работење и да ги намалат огромните загуби.

    Наместо да се приватизираат јавните претпријатија да се професионализираат и департизираат, бара Левица

     Од партијата сметаат дека давањето под концесија, докапитализација или пак приватизација на јавните претпријатија и јавните служби, коишто треба да ги менаџира општината се коси со самата смисла на нивното постоење - јавните служби функционираат врз основа на принципот на јавен интерес, а никако на профитабилност.

    - Приватните инвеститори имаат единствена цел, а тоа е остварување на профит, што значи дека квалитетот на услугите, колку и да е лош сега, или ќе биде уште послаб или цената која ќе ја плаќаат кумановци ќе биде многу повисока. Штетноста од приватизацијата т.е. докапитализацијата е уште поголема во однос на ЈП Куманово-гас, кое со народните пари ги изгради примарната и голем дел од секундарната, дистрибутивна мрежа, и кое претпријатие по природа на нештата е монопол. Најавената негова „докапитализација“ ќе претставува всушност давање на подарок на приватниот инвеститор, кој со мала инвестиција ќе го „собере кајмакот“ од веќе завршената инвестиција која ја платиле граѓаните на Куманово, - се вели во соопштението на Левица.

     Според Левица, со одлуката за јавно-приватно партнерство само се признава и потврдува неспособноста за управување, па излезот од наталожените проблеми се гледа во приватизации, докапитализации и издавање на концесии.

    Со ова, всушност, се обидуваат да избегаат од одговорноста за сопствената неспособност а цехот повторно да го платат граѓаните на Куманово. Иако нема пари за вршење на јавните служби, сепак општината од година во година има нови вработувања, па такав 2012 година -24, во 2013 година 5, 2015 година -22, во 2016 година -9 и во 2017 година-22 само привремени вработувања, дополнително оптоварувајќи ги кумановци, кои и онака веќе ја плаќаат партиската армија во Општината, - стои во соопштението на Левица, испратено до медиумите.