×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наместо да се радувате дискутирате за банални работи, ги искара советниците Митевски

    01.03.2019 14:51 | KumanovoNews

    Од Општина Куманово денеска реагираа на дискусиите на советниците на завчерашната седница, во раправата по информацијата за активностите на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции во Општина Куманово.

    Наместо да се радувате дискутирате за банални работи, ги искара советниците Митевски

    Акцент се стави на прашањата поврзани со проектот за реконструкција на објект со амбиентална архитектура-поранешниот хотел „Солун“ или кафеана „Србија“ и апликацијата на Куманово за Европски град на спортот.

    “Се дискутираше по принципот рекла-казала, за име на улица, име на објект на проекти кои се веќе поминати на седница на Совет, и за една многу убава работа за Куманово а тоа е Европски град на спорт за 2019 година. Место да се радуваме и да се организираме за да можеме што повеќе да допринесеме градот да празнува во 2019 година 500 години постоење на Куманово, на еден спортски начин, ние дискутираме банални работи, коишто мислам дека не се на вистинскиот пат и не личат на Совет на Општина, - изјави Горан Митевски,  поранешен раководител на Секторот за евроинтеграции, во чие време се реализирала програмата, на денешната прес-конференција.   

     Митевски опширно објаснуваше како во 2018 година со претставниците на неколку клубови во Куманово, започнал проектот Европски град на спортот за 2019 година,  пришто најави дека во наредниот период ќе има повеќе спортски активности и настани во училишен, младински и аматерски спорт, кои ќе ја оправдаат добиената титула.

    „Ние како град застанавме зад иницијативата на спортските клубови. Сите трошоци, по однос на организацијата и посетата на гостите, се покриени од страна на спонзорите на спортските клубови. Општината нема никакви финансиски средства плаќано на Асоцијацијата на градови на спортот (АCES Europe) од Брисел,- рече Митевски.

    На прашањето колку точно пари дале спонзорите на клубовите за апликацијата, Митевски рече дека не знае, и не упати тоа да ни го кажат клубовите.

    Претставаниците од Боксерскиот клуб Куманово, кошаркарскиот клуб Куманово и ракометниот клуб Куманово, најавија дека ќе ни дадат писмена информација за потрошените средства.