500x100-1
09. 09. 2019 18:54

Нападнат сопственик на кумановска гостилница

Нападнат сопственик на кумановска гостилница

Ноќеска по полноќ четири лица нападнале сопственик на гостилница во Куманово.

Инцидентот се случил околу 00,30 часот, во населбата Гоце Делчев, кога во гостилница физички бил нападнат сопственикот на објектот Т.Д.(49) од страна на Д.Н., А.Т., С.А. и А.Б., сите од Куманово.

Напаѓачите се приведени во полициска станица, а на Т.Д. му била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.