×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Народниот правобранител ќе отвори случај за одземените ингеренции на Општина Куманово за градинката

    05.02.2019 21:20 | KumanovoNews

     Проблемот со одземање на ингеренциите на Општина Куманово за поставување директор во градинката „Ангел Шајче“ стигна до Народниот правобранител.

    Народниот правобранител ќе отвори случај за одземените ингеренции на Општина Куманово за градинката

    На денешената трибина „Народен правобранител и локална власт- Подобра соработка за поголема заштита на правата на граѓаните “ во Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски го запраша Иџет Мемети каде да ги бара своите права, бидејќи незаконски му се одземени ингеренциите.

    „Почитуван Народен правобранител, каде јас како градоначалник да се обратам кога ми се одземаат одредени права. Еве актуелна тема, ми беше одземена надлежност во градинската „Ангел Шајче“, поради наводно непочитување на рокот за постапка за избор на директор. Дали имам простор да се пожалам некаде, да си ги вратам правата кои согласно законот граѓаните ми ги дадоа на избори“, - праша Димитриевски.

    Народниот правобранител Иџет Мемети рече дека со процесот на децентрализација, за да не забега локалната власт, Владата треба да ја следи законитоста на постапувањето на локалната власт.

    „ Законите се носат за луѓе кои се морални, а не за неморални.  Па кај нас се случува и покрај тоа што законот налага, да се носат политички одлуки толку одвратни што човек не може да ги свари. Од причина што се злоупотребуваат можностите во конретен случај на централната власт. Кај нас вештина е на функционерот да најде начин како во рамки на закон да злоупотребува нешто“, - рече Меџити.

    Тој го посоветува градоначалникот да бара објаснување од Владата за случајот.

    На ова реагираше актуелната директорка на градинката „Ангел Шајче“, Марина Алексовска, која рече дека целата документација ќе ја достави до Народниот правобранител за да испита кој ја прекршил процедурата и законот.

    „ За она што вие и градоначалникот го зборувавте за одземање на ингеренциите на градоналаникот, би сакала јавно да кажам дека ќе ја доставам целата процедура и постапка, која што е спроведена и од кои причини се одземени ингеренциите. За волја на вистината и транспарентноста да видите дали се сторени процедурални неправилности“, - рече Алексовска.

    Народниот правобранител најави дека по барање на директорката ќе отвори случај за се утврди како течела процедурата по однос на случајот и ќе утври кој грешел.