×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Насилството врз децата во пораст

    18.11.2010 23:09 | KumanovoNews

     Денеска и утре се одбележуваат Светскиот ден за превенција од злоупотреба на децата и Универзален ден на детето.

    Насилството врз децата во пораст

     Податоците говорат дека злоупотребата на децата, особено сексуалната, економската, физичката, како и другите облици на злоупотреба и насилство врз децата е универзален проблем и бројот на вакви случаи е во постојан пораст.

    Универзалниот ден на детето, ги потсетува возрасните дека децата како ранлива категорија на секое општество, имаат потреба од посебна грижа и помош од страна на возрасните. Потребно е да се почитуваат децата и нивната личност, нивните права, интереси и секогаш да се слушне детското мислење.

    Првата детска амбасада во светот Меѓаши спроведе истражување за Перцепција на децата за нивните права, дискриминацијата и насилството врз децата, врз 2234 ученици на возраст од 10 до 18 години. Врз основа на резултатите добиени од ова истражување, генерален заклучок е дека над 70% од децата на школска возраст не ги познаваат своите права; 41,6% од децата потврдиле дека биле удрени во семејството, а 57% од децата познаваат други деца кои биле удрени од страна на професор во училиште.

     Врз основа на податоците добиени од СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 при Првата детска амбасада во светот Меѓаши во 2009-тата година, 48,3% од пријавите се однесуваа на злоупотреба и насилство врз децата (физичко, психичко, сексуално), што е за 9% повеќе споредбено со 2008 година.

    Ова е алармирачки проблем кој бара поголемо внимание и заштита, како и превентивни мерки, на семејно, национално и меѓународно ниво. Потребно е синхронизирано дејствување на сите релевантни институции, како и подобра соработка помеѓу граѓанските организации и институциите на државата.

    Сите држави членки кои ја имаат ратификувано Конвенцијата за правата на детето, се обврзани да ги преземат сите соодветни  законодавни, административни, социјални и образовни мерки да го заштитат детето од сите облици на физичко или психичко насилство, повреди или злоупотреби, занемарувања или немарен однос, малтретирања или експлоатации, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба.