×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наставниците ќе штрајкуваат, настава од вторник

    01.09.2019 21:19 | KumanovoNews

    Наставниците  во понеделник нема да ги примат децата во училиштата. СОНК  ќе одржи предупредувачки штрајк, бидејќи се незадоволни од покачувањето на платите за 5 отсто.

    Наставниците ќе штрајкуваат, настава од вторник

    „Сите наши членови ќе дојдат на работа, ќе бидат во една просторија додека трае работниот ден, но нема да ги прифатат децата кои ќе дојдат на училиште. Ова ќе биде предупредувачки штрајк. Од вторник наставниците ќе одржуваат настава, но бараме преговори со Владата за исполнување на нашето барање за покачување на платите на просветните работници за 25 отсто. Ако до крајот на септември не се исполни нашето барање, во октомври ќе излеземе на штрајк“, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.

    Од кумановските училишта преку социјалните мрежи ги известија учениците и родителите дека утре ќе нема настава.

     Во ООУ „Христијан Карпош" Куманово, согласно одлуките на СОНК, утре, 2 септември, ќе се одржи предупредувачки штрајк на просветните работници. Учебна 2019/20 година ќе започне на 3 септември (вторник), според утврдениот распоред по смени.Свечен прием на првачиња ќе биде во 8 часот, во училишната спортска сала, - објавија од училиштето.

    Вакви соопштенија објавија и основните училишта „Крсте Мисирков“, „Браќа Миладиновци“ и „Кочо Рацин“.