×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Натпревар на млади библиотекари во Куманово

    27.10.2010 14:40 | KumanovoNews

     Во рамките на месецот на книгата, библиотеката "Тане Герогиевски", традиционално го реализира натпреварот Млади библиотекари.

    Натпревар на млади библиотекари во Куманово

    На денешниот осми општински натпревар се натпреваруваа 17 ученици од повеќе основни училишта од градот.

    Учествуваат ученици од осмите одделнија, кои денеска решаваат писмен тест од областа на библиотекараството, а прашањата се од прирачникот што им го поделивме на професорите по мајчин јазик. Натпреварот е доста популарен меѓу учениците кои секоја година покажуваат одлични резултати,како на општинскиот така и на државните натпревари. Имаме освојувано по два пати втори и трети места, а добивме и пофалници. Се надеваме дека и овојпат учесниците ќе покажат солидни резултати - вели директорката Нада Ивановска.

    Најдобриот библиотекар од осмиот општински натпревар ќе се натпреварува на државниот, кој годинава ќе се одржи на 12 ноември во Прилеп.