×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не е познато кој ја оставил повредената жена

    20.12.2010 17:26 | KumanovoNews

     Кумановската полиција сеуште нема информации кој ја удрил со автомобил Надица.К (39) на улицата ЈНА во близина на некогашната фабрика ЧИК и побегнал.

    Не е познато кој ја оставил повредената жена

    На лице место не биле најдени траги кои укажуваат на можниот сторител, ниту имало сведоци на немилиот настан, поради што полицијата  чека да се подобри здравствената состојба на Надица за да помогне во истрагата. Врз неа вчера била направена операција на главата во Ургентниот центар во Скопје.

    Повредената жена била најдена од случаен минувач завчера во близина на нејзината куќа, како лежи покрај коловозот. Поради сериозноста на повредата била итно пренесена на лекување во Скопје. Од првичната истрага било утврдено дека жената е повредена во сообраќајна несреќа и оставена покрај улицата во бесознание. Се претпоставува дека додека се движела по тротоарот некој од зад грб ја удрил со автомобил и побегнал.