×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Недела на безбедност во сообраќајот во Куманово

    26.12.2018 08:03 | KumanovoNews

    СВР Куманово во соработка со Републичкиот совет за безбеденост во сообраќајот на патиштата (РСБСП) и Општинскиот совет за безбеднсот на сообраќајот на патиштата (ОСБСП) Куманово ја започна кампањата Недела на безбедност во сообраќајот во Куманово.

    Недела на безбедност во сообраќајот во Куманово

    На првиот ден се одржа едукативно предавање пред ученици од средните училишта, за безбедност на младите во сообраќајот и ризик фактори заради кои најчесто младите се жртви на сообраќајни незгоди, при што се поделени флаери со правила за безбедно и одговорно возење.

    Во рамките на кампањата вчера во просториите на Основното училиште „Крсте Мисирков„ пред 70 ученици од седум основни училишта од страна на РСБСП се промовира формирањето на училишни сообраќајни единици врз основа на член 398 став 1 алинеја 1 од ЗБСП, а се одржа и првиот час согласно Правилникот за организација, обука и начин на работа на училишните сообраќајни единици. Од страна на ученици на возачите во непосредна близина на училиштето им беа поделени флаери „Корисни совети за безбедно патување во зима“ и за прописно паркирање. На учениците им се поделени, а од нивна страна пополнети анонимни анктени прашалници „Каков возач е твојот родител“. Воедно на 10 јавни места каде има поголемо присуство на возачи поставени беа постери со содржина соодветна на кампањата за безбедно учество во сообраќајот, - соопштуваат од СВР Куманово.

    Кампањата продолжува до крајот на месецот. Во наредните денови ќе се спроведат акции за контрола на поседување на зимска опрема, за користење на сигурносен појас, користење на мобилен телефон за време на возење, како и прописно и непрописно паркирање.