×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Недопирливоста би ја заменила со повеќе средби со граѓаните

    10.10.2019 07:12 | KumanovoNews

    Елизабета Секирарска, професорка во СОУ „Перо Наков“ одговара на прашањето, кои три работи би ги направила да е градоначалник на Куманово...

    Недопирливоста би ја заменила со повеќе средби со граѓаните

    Кои три работи би ги направила да сум во улога на Градоначалник?

    Интересно и предизвикувачко прашање за секој човек кој реално никогаш не би бил во таа улога, но секогаш знае што би и можело и морало да се стори во поглед на амбиентот на локално ниво, од една едноставна причина: го живее истиот. Со оглед на тоа дека доаѓам од најсуштествената сфера од општественото живеење – образованието, моите ставови секако се врзани и со потребата да го видам ревитализирано и ефикасно во секој поглед, иако секако дека и како граѓанин сметам дека постојат многу сфери на кои како хипотетичка „Мајка“ на градот би требало да обрнам големо внимание. Секако се повеќе од три, но ако треба да се ограничам, тогаш тоа би биле следниве аспекти:

    1. Професионални, а не партиски директори

    Со оглед на овластувањата на Градоначалникот во поглед на поставување на директори на училиштата и секако со оглед на важноста на таа позиција за нивната ефикасност, пред се би водела сметка за правилна проценка на квалитетот на личноста, мерен според неговиот професионален габарит, а не според партиската припадност. Секогаш сум поборник на идејата за ефикасни и успешни образовни политики, а не за политика во образованието, секако и на локално ниво. Сметам дека тоа сепак е можно и покрај големата слика на која сведочиме и која, за жал, предолго ја гледаме, ако сакаме да сведочиме и на промени кои на локално ниво ќе дадат резулат. Секако, тука би додала и водење сметка за училишната кадрова политика од која зависи работната клима и која мора да биде исклучиво професионална, затоа што подразбира генерации ученици кои пред себе имаат модели за однесување од кои зависи погледот на свет, кој ќе го усвојат како свој и кој ќе ги движи цел живот. Со оглед на реалните текови, тешко, но можно ако се има сенс за реалната суптилност на воспитно-образовната сфера. Цврсто верувам дека е можно.

    2.  Формирање на тимови од докажани професионалци за решавање на локалните проблеми

    Мислам тука на поединци и групи кои се исклучиво професионално потврдени и со резултати во својата работа, што сметам дека е параметар кој мери способност и подгответност за апликација на знаењата и искуствата во сфери во кои тоа го подразбираат. Тоа би биле стручни советодавни тимови кои ја познаваат конкретната област и кои заради тоа можат да помогнат во нејзиното редефинирање. Во овој контекст, повеќе би ги користела механизмите за следење на работата и ефикасноста на сите општествени сфери на локално ниво. Младите исто така многу повеќе би имале свој простор во креирањето на живеењето на општината, секако со оглед на реалното изостанување на содржини кои би придонеле за нивно правилно насочување.

    3. Поголема присутност меѓу граѓаните

    Колку и да заличува на флоскула која пречесто сме ја слушале, сепак сметам дека Градоначалник мора да е дел од луѓето кои го гласале, а тоа значи дека недопирливоста би ја заменила со поголемо движење  меѓу нив и создавање на атмосфера во која тие би знаеле дека некој ги сослушува и интеревенира според тоа што ќе го чуе. Контактите би се реализирале преку дебати, трибини, политиката на Отворени врати, секојдневното движење меѓу нив. Сметам дека само така реално се согледуваат проблемите со кои граѓаните се соочуваат и кои подразбираат интервенција  -  вон и над предизборните ветувања. Проблемите и околностите се секако и бројни и разновидни и комплексни, поради што нивното решавање и уредување подразбира секако мошне опфатна и сложена задача која мора да се согледа изворно, на лице место.

    Би завршила со тоа што ќе нагласам дека да се биде Градоначалник е привилегија и на неа така и треба да се гледа – како на можност да се подобри животниот аутфит на локално ниво и во таа насока секој кој ја има истата, треба да даде се од себе за да успее во тоа.