×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Неформално образование за земјоделците во Општината

    12.02.2010 15:41 | KumanovoNews

    Кралството Норвешка, преку асоцијацијата за развој „Норгес Вел“, донираше 700.000 евра за проектот „Јакнење на капацитетите на неформалното образование“, кој ќе се реализира во средното земјоделско училиште „Киро Бурзназ“.

    Неформално образование за земјоделците во Општината

    Директорот на училиштето Горан Јовановиќ и советникот од асоцијацијата Јурун Тоунсен, денеска потпишаа договор за реализација на проектот што ќе трае 3 години.

    Проектот има предвидено две компоненти: образување на наставници кои ќе ја изведуваат обуката и опремување на училиштето. Опремата е наменета исклучиво за практична настава, а се планира да се донесат животни и земјоделска механизација. Со проектот ќе се создадат услови за практична настава неопходна на учениците, но и за членовите на земјоделските здруженија во општината и пошироко - рече директорот Јовановиќ.

     АСУЦ во Скопје и земјоделското училиште „Киро Бурназ“ се единствени училишта во државата каде вакви обуки. На почетокот ќе се организираат курсеви по: органско производство, управување со ѓубре, користење на мехнизација, управување со фарма и производство на млеко.Тие ќе траат од 30 до 60 часа  и имаат за цел за што пократок период да се оспособат посетителите.

    Преку овој проект им се дава можност и на лицата кои поради различни причини го напуштиле образованието да се дообучат и потоа да можат да се усовршат во земјоделската дејност - рече претсавникот на „Норгес Вел“, Јурун Тоунсен

    Амбасадорот на Кралството Норвешка Китил Полсен истакна дека целта на проектот е да се создадат партнерски врски меѓу јавниот, приватниот сектор и граѓанското општество.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски ја поздрави идејата и се заблагодари на претставниците на Кралството Норвешка за несебичната помош и подршка што му ја даваат на градот.