×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Некролози се лепат на дрвја и бандери затоа што Куманово нема јавни табли

    05.03.2019 09:45 | KumanovoNews

    Куманово е еден од ретките градови во државата каде нема огласни табли за јавни потреби, па граѓаните некролозите ги лепат на бандери и дрвја.

    Некролози се лепат на дрвја и бандери затоа што Куманово нема јавни табли

    Поради тоа, речиси на секое дрво или празен простор на електичен столб висат плакати на починати. Најмногу ги има во центарот на градот, на дрворедите на улицата помеѓу двата плоштада и пред старата општинска зграда.

    Куманово оваа година слави 500 години постоење, прогласен е за Европски град на спортот, а конкурирaше и за македонска престолнина на културата.

    Граѓаните бараат локалната самоуправа под итно да најде решение и да постави табли.

    „Ако Куманово се декларира како европски град мора да се откаже од селските навики. Сликата е многу грда. На секој чекор имаме плакати од починати лица, дел искинати и расфрлани. Јас сум приватен стопанственик и многу често патувам низ Македонија, дури и во многу помали места имаат посебни одредени места и поставени табли каде се објавуваат некролозите. Обично се поставени на фреквентни места каде граѓаните можат да ги објавуваат жалните вести, а граѓаните да се информираат“, вели кумановец.

    Советникот Зоран Петрушевски од ГРОМ со години бара од Општина Куманово да го реши овој проблем и да обезбеди простор во градот и во приградските населби за потребите на граѓаните.

    „Не ми се познати причината зошто не сакаат да го направат тоа. Од неажурност, од неинвентивност, од немарност, од немање визија за овој град. Не е скап проектот да се вадат на тоа. Се работи за две шипки и една метална табла, исфарбана од двете страни за да може културно да се постави и да се симне, а не вака висат по дрвјата“, вели Петрушевски.

    Од Секторот за комунални дејности во Општина Куманово велат дека Советот има донесено одлука за поставување огласни табли како дел од урбана опрема, ама не е спроведена. Утврдени се и локациите каде треба да се постават.

    „Табли треба да има во центарот на градот, на градскиот плоштад, кај црквите, кај Зелениот пазар и на други пофреквентни локации. Општината во овој момент нема доволно средства во Буџетот, но ќе вложиме напори во најкраток временски период да се постават таблите“, велат од Секторот.