×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Непрофесионалните полицајци анонимно ќе се пријавуваат

    30.09.2010 09:00 | KumanovoNews

     Граѓаните ќе можат и анонимно да доставуваат претставки и поплаки на постапувањето на полициските службеници на официјалната интернет страница на МВР.

    Непрофесионалните полицајци анонимно ќе се пријавуваат

     Истите ќе бидат директно упатувани на адреса на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди кој во најкус можен рок ќе постапува по нив, ќе ја проверува веродостојноста на пријавите и ќе ги санкционира случаите каде што ќе се утврди недостојно, непрофесионално или криминално однесување на полициските службеници.

    Анонимното пријавување, од една страна, ќе ги охрабри граѓаните да реагираат на сите регистрирани недоследности во постапувањето на полициските службеници, но од друга страна, на надлежните органи во МВР ќе им овозможи навремено да бидат запознаени со одредени пречекорувања или непочитувања на законските и подзаконските акти.

    Навремената реакција ќе значи поефикасно справување со негативните појави и поефикасно прибавување на неопходните докази, велат од МВР.