×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Непушачите се жалат дека не се почитува Законот за заштита од пушење, инспекцијата тврди дека нема прекршувања

    04.03.2019 09:04 | KumanovoNews

     Инспекциските служби во Куманово во изминатите три месеци немаат регистрирано ниту едно прекршување на Законот за заштита од пушење, а граѓаните постојано се жалат дека во рестораните и кафулињата се трујат од чад на цигари

    Непушачите се жалат дека не се почитува Законот за заштита од пушење, инспекцијата тврди дека нема прекршувања

    Со либерализацијата на Законот за заштита од пушење на прсти можат да се избројат угостителските објекти во градот каде има посебни простории за пушачи и непушачи. Во најголем дел од кафулиња и ресторани во градот, заградените тераси каде што е дозволено да се пуши не се физички одвоени од просторот за непушачи, па така целиoт објект е зачаден, поради лошата вентилација.

    „Порано беше милина, кој сака да пуши ќе излезе надвор, а останатите си седат во пријатен амбиент. Немам ништо против пушачите додека себе се трујат ама сум против тоа мене да ме трујат. Сега и пушачи и непушачи сите заедно. Три дена не може облеката да ми се одмириса од дим, а што да кажеме за внесениот никотин во организамот. Голем штета направија на непушачите што го сменија законот“, - вели Зоран Г.

    „Ова што се случува со пушењето во сите ресторани и кафетерии е ужасно. Аполутно сум против оваа циркузијада. Кафанџиите што го почитуваат законот плашејќи се од казни имаат и помал профит, а на оние "повластените" се им е дозволено. Ако нешто беше во ред што донесе ВМРО, тоа беше овој закон. Барам инспекциите да излезат на терен и да ги натераат газдите да го почитуваат законот“, - порачува кумановката Елена Трајковска.

    Додека граѓаните обвинуваат дека масовно се крши Законот за заштита од пушење од Државниот пазарен инспекторат во Куманово, велат дека тој се почитува, бидејќи во последните три месеци во угостителски објекти во Куманово извршиле вкупно 281 надзори по Закон за заштита од пушење, но не регистрирале ниту едно прекршување.

    „Од 14.11.2018 до 31.12.2019 извршени се 159 надзори, а од 01.01 од 14.02.2019 се извршени 122 надзори по Закон за заштита од пушење и во тој период не се евидентирани неправилности по Закон за заштита од пушење. Одредбите по Закон за заштита од пушење се почитуваат и не се евидентирани неправилности од страна на Државните пазарни инспектори, “ - одговараат од Пазарниот инспекторат.

    Од таму тврдат дека во однос на претходните години сега повеќе се почитува Законот за заштита од пушење, додека по Законот за угостителска дејност каде што се: почитување на работно време, забрана на точење алкохол на малолетници, поднесени се вкупно 27 пријави за три месеци.

    Законот за заштита од пушење вели дека пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект на тераса, летна бавча и сл. Во објектите во кои се сместуваат гости, може да се определат соби за сместување за пушачи, но најмногу 30 отсто од вкупниот капацитет на објектот. Во јавните простории и во собите за сместување на непушачи во објектите, одговорното и правното лице ќе  истакне знак за забрана на пушењето и ќе обезбеди контрола и на забраната на пушењето.  

    Доколку при вршење на инспекцискио надзор се утврди дека во јавните простории се пуши, ќе се донесе решение за привремена забрана за вршење на дејноста во траење од 7 дена за трговец поединец и 15 дена за правно лице. Глобата е во износ од 2.000 од 4.500 евра во денарска противвредност за правното лице. За одговорното лице на правниот субјект глобата е од 500 до 1000 евра, додека за физичкото лице од 150 до 300 евра.

    Инспекцискиот надзор за спроведување на одредбите на Законот за пушење го вршат Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, УЈП и МВР. Во последните три месеци во Куманово не е организирана ниту една заедничка акција за утврдување на прекршувањата на Законот за заштита од пушење.