×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Невакцинираните деца нема да се примаат ниту во училиште ниту во градинка

    17.04.2019 15:02 | KumanovoNews

    Невакцинирани деца освен во градинките нема да се примаат ниту во училиштата, рече денес министерот за здравство Венко Филипче, откако Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата од Министерството за здравство, а на предлог на Комисијата за заразни болести, да се прогласи епидемија од мали сипаници во целата земја.

    Невакцинираните деца нема да се примаат ниту во училиште ниту во градинка

    Според министерот, нема потреба да се менува законската регулатива за да се бара детето да биде вакцинирано при прием во градинка и училиште, бидејќи мултисекторската група од Министерствата за здравство, за образование и за труд и социјална политика дошла до заклучок дека имунизацијата е задолжителна и со постоечките законски решенија.

    Од вчера епидемија на морбили е прогласена на ниво на цела држава.

    Според препораките од Комисијата, освен забрана да се примаат невакцинирани деца во градинките, се донесе мерка строго да се почитуваат правилата за движење низ здравствените установи, да се вакцинираат здравствените работници кои немаат доказ за нивниот вакцинален статус со две дози на МРП вакцината, како и центрите за јавно здравје и здравствениите домови да им понудат вакцинација на сите лицата на возраст од 14 до 45 години да се вакцинираат.

    Од министерството за образование велат дека ќе се фокусираат на давање препораки за вакцинација, но не смеат училиштата да не ги примат првачињата и да ги враќаат од часови веќе запишаните деца, затоа што основното образование е задолжително.