×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Невена Величковска избрана за организационен секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

    12.02.2019 09:16 | KumanovoNews

    Невена Величковска од Куманово е избрана за организационен секретар на Унијата на млади сила на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката е донесена од Извршниот комитет на партијата во Скопје.

    Невена Величковска избрана за организационен секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

    „Изразувам голема благодарност до претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески и Извршниот комитет за дадената доверба. Чест и обврска ми е да бидам дел од тимот кој што ќе ја врати Македонија на младите. Тим кој заeдно сo сите нас од општинските и од месните комитети ќе помогнеме што побрзо ќе ја вратиме Македонија на вистинскиот пат, да ја вратиме Македонија на младите. Им честитам на сите избрани членови кои се дел од новиот Извршен комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, - изјави Величковска.

     Невена Величковска е советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Куманово, а по професија е дипломиран економист.