×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нормализиран железничкиот сообраќај на Коридорот 10

    06.07.2019 14:20 | KumanovoNews

    Железничкиот сообраќај на Коридорот 10 на релација Скопје – Куманово- Табановцe во двете насоки е нормализиран, откако вчера беа отстранети вагоните oд од колосекот во селото Черкезе, кои пред четири дена се излизгаа од товарен воз. 

    Нормализиран железничкиот сообраќај на Коридорот 10

     „Како што гледате покрај патот се распредени сите 11 вагони, кои беа паднати покрај пругата, излизгани од колосекот. Направен е терен за да можат екипите на Македонски железници инфраструктура, со сите свои ресурси и механизација да работат на оспособување на колосекот и до ноќните часови, околу полноќ, веруваме дека пругата ќе биде поравена и спремна за сообраќај, -  изјави вчера Петар Спасовски, помошник директор во Македонски железници инфраструктура.

    Вработените во Македонски железници АД Транспорт во изминатите денови со дигалка ги отстраниле вагоните, откако предходно ги извадиле натоварените котури со тежина од 25 до 27 тона.

     „Ваква несреќа е со невидени размери и во последните 20 години во МЖ вакво нешто не се случило, со ваков обем. Штетата на вагоните е огромна, сите вагони се оштетни, поради тоа што при самото пролизгување дошло до набивање на еден на друг, а што е чудно првите четири вагони и локомотивата поминаа не оштетени. Зошто е тоа така не знам. Инаку поединечната вредност на вагоните е од 80.000 до 100.000 евра. Штетата дополнително ќе се утврдува,- изјави Коста Чикос, заменик на генералниот директор на МЖТ АД Транспорт.

    Од МЖ не сакаа да наведат кои се причините за несреќата, туку повторија дека стручна комисија работи на нивно откривање.