×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нов претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ овој месец

    10.01.2010 14:21 | KumanovoNews

    Изборот на претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ ќе биде извршен до крајот на месецот, дознава Kumanovonews.

    Нов претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ овој месец

    За лидерската позиција во кумановскиот огранок најсериозни кандидати се три советника во Советот на Општината.

    Според наши извори станува збор за досегашниот претседател Бобан Николовски,  лекарите Глигор Манов и Јордан Пачков. Со сите е извршен прелиминарен разговор во централата, а постапката согласно утврдената процедура ќе биде завршена наскоро.

    Партиски луѓе тврдат дека битката се води помеѓу Николовски, кој е човек на пратеникот Петар Поп Арсов и Манов кој ја има подршката на секретарот на Парламентот, Жарко Денковски.

    Истовремено се шпекулира и дека ниту еден од тројцата кандидати нема да ја добие подршката на централата, туку за претседател ќе биде назначена жена која има големо влијание во партијата.

    Имињата на претседателите, најверојатно ќе бидат објавени истовремено во сите општински комитети.