×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нови мини атлетски полигон и одбојкарски терен во „Крсте Мисирков“

    30.10.2019 12:13 | KumanovoNews

    Во дворот на основното училиштето „Крсте Мисирков“, вчера беше пуштен во употреба мини атлетски полигон за скок во далечина и фрлање ѓуле, како и мини одбојкарски терен за одделенска настава.

    Нови мини атлетски полигон и одбојкарски терен во „Крсте Мисирков“

    Директорот на училиштето вели дека со овие проекти ќе им се овозможи поинтерактивна настава на учениците.

    „Со овие два нови проекти уште повеќе го уредивме овој дел од училишниот двор и го ставаме во функција на учениците и за часовите по физичко и здравствено образование, како и за дополнителна настава со нашите ученици атлетичари  и подобро функионирање на училишниот спортски клуб“,- вели Александар Јовановиќ,  директорот на ООУ „Крсте Мисирков“.

    Филип Колевски претседателот на Сојузот на спортови, вели дека од посебно значење е и тоа што терените се приспособени и за помладите ученици од прво до петто одделение.

    „Ме радува многу направеното, многу ќе значи за ова училиште, за подобра изведба на наставата, популаризација на спортот, но и подготовка на талентирани ученици за натпревари",- додава Колевски.

    Југослав Спасиќ, заменик директор на училиштето смета дека вакви спортски терени се особена придобивка, затоа што учениците од ова училиште во изминатиот период успешно се претставуваа и на општинско, и на државно, но и на меѓународно ниво.

    „Во континуитет на годишно ниво овде се одвиваат повеќе спортски активности, тренинзи за кошарка со Игор Ѓорѓиевски, забавна атлетика за најмладите со Марија Мициќ и корективна гимнастика со Филип Колевски и Александра Стојменовска. Наскоро се очекува и секција за пливање“,- објаснува Спасиќ, кој е и основач на училишниот спортски клуб.

    Овие два проекти се реализирани од сопствени средства, како и донација од градежна фирма и донација од родителите чии деца ја посетуваат наставата во истото училиште.

    Пуштањето на употреба на овие два проекти се поклопува и со пет години постоење на училишниот спортски клуб.