×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нови протести на стечајците

    10.08.2010 14:09 | KumanovoNews

    Стечајните работници и оние прогласени за технолошки вишок, утре од 11 до 13 часот во знак на протести поради неостварените барања ќе го блокираат влезот и излезот на Куманово кај автопатот Скопје - Табановце. Од Здружението Унит велат дека нема да престанат со протестите се додека надлежните не изнајдат решение за нивниот социјелен статус. 

    Нови протести на стечајците

    И покрај годишните одмори ние продолжуваме со нашите активности. Знаете дека ние друга алтернатива немаме , освен нашите права да ги бараме на овој начин. Известена е полицијата за нашите протести. Планирано е да тргнеме од згрдата на поранешен комитет во 9,30 минути и продолжуваме пеш покрај Судот, Општинската зграда и одиме на мостот на Искра каде ќе го блокираме сообраќаот два часа. Упатувам апел до сите незадоволни стечајци да се приклучат на протестите, а до возачите и граѓаните да бидат трпеливи и да ја разберат нашата ситуација - вели Лиљана Георгиевска, претседателка на УНИТ.

    Масовни протести пред Влдата и Собранието на РМ, стечајците најавуваат по завршувањето на летните одмори, после 1-ви септември. По неколку години неуспешни обиди да се донесе закон со кој ќе се реши нивниот статус, тие и натаму не отстапуваат од веќе познатите барања, минимален месечен надомест за ова категорија граѓани во износ од 6000 денари се до пензионирање или повторно вработување. Над 10 000 стечајни работници од кумановските фирми што пропаднаа во време на транзицијата, останаа без работа и нерешено егзистенционално прашање. Иако стечајците тврдат дека се спорни најголем дел од приватизациите на фирмите, власта со став дека не им следува никаков надомест затоа што се излезени од фирми кои веќе биле во приватна сопственост.