×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новинарите ќе избираат ново раководство

    19.11.2010 12:37 | KumanovoNews

     Членовите на Здружението на новинарите на Македонија утре ќе бираат  ново раководство на редовното изборно собрание закажано за во 10 часот во хала 5 на Скопски саем.

    Новинарите ќе избираат ново раководство

    Ќе се изберат нов претседател на ЗНМ, Управен и Надзорен одбор и Совет на честа.

    На изборното собрание ќе присуствуваат и членовите од Куманово. За новинарите од регионалните центри, ЗНМ обезбеди бесплатен превоз. Тргнувањето на автобусот е во 8.30 часот од центарот на градот, пред поранешна цвеќара. Сите членови на ЗНМ и оние новинари кои сакаат да гласаат можат да се зачленат пред почетокот на изборното собрание- информираат од Регионалната канцеларија на ЗНМ КУманово.  

    Новинарите што ќе сакаат да се зачленат в сабота ќе треба со себе да понесат лична карта, потврда за работен однос од медиумот во кој работат, лична биографија, две фотографии и 150 денари за членарина до крајот на годината. Деталите за зачленувањето и кој се' може да биде член може да се добијат на веб-страницата на ЗНМ - www.znm.org.mk.

    Официјални кандидати за претседател на ЗНМ се Мира Костиќ од Македонско радио,Насер Селмани од Вест и Назим Рашити ББС.

    Регионалниот центар Куманово вчера го посети кандидатот Насер Селмани и ја претстави својата изборна програма пред кумановските новинари.