×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новинарите во Македонија се мета на секојдневни уцени

    03.05.2010 09:31 | KumanovoNews

    3-ти мај е Светскиот ден на слободата на медиумите. Здружението на новинарите на Македонија и оваа година го одбележува денот со акцијата Пет минути громиогласна тишина. Новинарите во Македонија се мета на секојдневни уцени, закани и експресни пресуди. Затоа, мораме да го дигнеме својот глас против ваквите тенденции.

    Новинарите во Македонија се мета на секојдневни уцени

     Оваа веќе традиционална акција се одвива во повеќе земји во светот. Годинава акцентот е ставен на најгорливото, постојано актуелно прашање: Слободата на информирање и посебно на глобалното право, правото да се биде информиран!

     Во пораката на директорот на УНЕСКО, по повод овој ден меѓу другото се вели: „Слободата на информирање е принцип кој организациите и власта имаат должност да го споделат и да понудат отворен пристап до информациите кои тие ги поседуваат на оние кои што ги посакуваат, врз основа и на правото јавноста да биде информирана.

    Правото да се знае или да се биде информиран е централно за оддржување на други базични права, за поттикнување на транспарентноста, правдата и развојот. Рака под рака надополнето со правото за изразување, правото да се биде информиран ја поткрепува демократијата.“

    Здружението на новинарите на Македонија ги повикува сите новинари и медиумски работници во Македонија, традиционално, со Пет минути громогласна тишина од 11.55 до 12.00 часот, да го одбележат Светскиот ден на слободата на медиумите.

    Потсетуваме дека од почетокот на 2010 година убиени се 36 новинари во светот. Но, потенцираме дека новинарите во Македонија се мета на секојдневни уцени, закани и експресни пресуди. Затоа, мораме да го дигнеме својот глас против оваквите тенденции. Нека се слушне новинарскиот молк во Македонија како опомена до сите оние кои сакаат да не замолчат!- порачуваат од ЗНМ.