×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новинарите заслужуваат подобар статут и статус

    24.03.2010 14:35 | KumanovoNews

    Новинарите од Регионалоаниот центар Куманово, вчера го рагледуваа новиот нацрт-статут на Здружението на новинарите на Македонија. Новинарите од Куманово своите забелешки во однос на изборната регулатива, односно поголема застапеност на новинарите од Регионалните центри во органите и телата на Здружението.

    Новинарите заслужуваат подобар статут и статус

    Предлозите и забелешките на новинарите за измените на статутот ќе бидат земени во предвид и додадени во новиот документ на Здружението за да се создадат подобри услови за работа - вели претседателот на ЗНМ Роберт Поповски.

    На вториот дел од сесијата, стана збор за кривичните пријави, клевета и навреда кон новинарите. Беше соопштено дека во овој дел има подобрување во корист на новинарите.

    Што се однесува до тужбите против новинарите, нашата канцеларија им стои на располагање на новинарите и редакциите и нуди помош за застапување пред судот.Здружението излобира, во иднина новинарот да не одговара кривично за изјавата што ќе ја даде соговорникот - вели Поповски.

    Новинарите од локалните средини се соочуваат со проблеми од друг карактер, во однос на колегите од Скопје. Регионалната канцеларија го информира Здружението за сите случувања. .

    Локалните новинари како и дописниците се соочуваат со многу нерешени проблеми.Поради тоа денеска ги изнесовме нашите барања и преку наши претставници ќе се потрудиме да ги решаваме. Материјалната страна на новинарите е еден од горливите проблеми. Ние потенциравме дека кај нас има новинари  работат за хонорар од 100-150 евра, без пензиско и здравствено осигурување и при тоа нема кој да ги заштити. Се надеваме дека преку заедничко делување ќе можеме да се избориме за да подобриме нашиот статус - вели координаторката Сузана Николиќ.

    Како предлог на вчерашната седница беше најавено дека ЗНМ размислува да формира синдикат , кој ќе ги брани социјалните права на новинарите.