×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ново поскапување на горивата

    14.05.2018 11:33 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од денеска да поскапат горивата.

    Ново поскапување на горивата

    Цената на Еуросупер БС - 98 се зголемува за два денара за литар и ќе се изнесува 73,50 денари. Цената на Еуродизелот се зголемува за еден денар и ќе биде 63 денари за литар, а малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,5 денар и ќе изнесува 71,50, односно 52 денара.

    Се зголемува и цената на мазутот за 2,1 денар за килограм. Новата цена ќе изнесува 32,13 денари за килограм.

    Просечната цена на суровата нафта во изминатите 14 дена изнесуваше 75,134 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 51,30 денари.