×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ново урбано место за уживање „Училница“ Bar & Kitchen

    03.05.2018 09:06 | KumanovoNews

    Во Куманово започна со работа нов современ угостителски објект, „Училница“ Bar & Kitchen.

    Ново урбано место за уживање „Училница“ Bar & Kitchen

    Се наоѓа на улица „Октомвриска Револуција“ - локалитет „Водовод“ бр.11, поранешна гостилница „На мезел’к кај Биџо“.

    „Пренамената од гостилница во Bar & Kitchen ја направивме поради тоа што во овој дел на градот нема вакво место за младите каде што се организираат журки и забави или т.н. кафе-шема. Во локалот има многу видови на пиво што се точи од специјален апарат. Единстевено место во градот каде има голем шанк покрај кој можат да седат  10 до 15 луѓе и да уживаат во пиењето“, - вели сопственикот Иван Додевски.

    Станува збор за урбано место со одлични специјалитети, неверојатен избор на пици, бургери, пастрмајлии и други јадења печени во фурна на дрва. Голем избор на алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе, смути...

     Сопственикот планира нов концепт за работа на локалот, па секој викенд ќе организира тематски забави, рок и поп журки со бендови и групи од земјава и странство.

     „Ќе настојуваме претежно да бидат локални бендови, пејачи и диџеи да се промовираат кумановските музичари, но ќе има и познати музички имиња. Еднаш неделно во петок или сабота ќе организираме журки за младите. Веќе се договорени некои од групите, а посетителите навремено ќе бидат информирани, и сите се добредојдени“, - додава Иван.

    Во ресторантскиот дел останува да работи кујната на дрва, а на менито ќе бидат претежно барските јадење - 10 видиви на пици, 10 видови на бургери, дел од нив и уникатни што ги нема на друго место, потоа палачинка во фурна, пастрмајлии, помфрит и др. Цените се прилегодени за сите потрошувачи и најприфатливи во градот, а услугата и квалитетот се на највисоко ниво.

    Објектот е целосно реновиран, проширен и уреден да прими околу 150 гости. Има простор и капацитет и за организирани прослави, журки, матури, родендени и секаков вид на забави. Предност на овој угостителски објект во однос на останатите во градот е тоа што има мини игротека за најмладите и бесплатен паркинг простор.

    Игротеката е опремена со лулашки и реквизити за анимација на децата и се наоѓа во состав на објектот, нема опасност по безбедноста на децата, бидејќи е зaградена од сите страни.

    Работното време на „Училница“ Bar & Kitchenе од 8 до 24 часот, а за викенд од 8 до 1 часот по полноќ. Резервации и информации на телефон 070-334 606 или 077-64 66 32.