×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новогодишни подароци за учениците во Четирце

    31.12.2010 14:27 | KumanovoNews

    Членките на Коло на српските сестри денеска на учениците од основно училиште Браќа Рибар во селото Четирце им однесоа  новогодишни подароци и пакетчиња.

    Новогодишни подароци за учениците во Четирце

    Искрено се радувам што по трет пат сум тука,бидејќи чуствувам дека денеска сме на вистинското место. Тука учат само пет ученика на српски јазик, а ние секогаш сме со нашите ученици и сакавме да дадеме мал допринос да им ги разубавиме претстојните празници. Годинава за прв пат им доведовме Дедо мраз и на пригоден и свечен начин им ги  подаривме пакетчињата, училишниот прибор и тренерките кои ги обезбедија неколку фирми и донатори од градот.Ние сме само врска помеѓу оние што даруваат и оние што примаата и сето тоа го работиме од срце и љубов кон овие дечиња-рече Живка Христовска претседателка на Коло на српските сестри.

    Подароците се однесени на иницијатива на учителката Катерина Младеновска, која ги знае потребите на децата и тешкотиите низ кои секојдневно се соочуваат за да дојдат на училиште. Тие за првпат се сретнаа со Дедо мраз на кој искрено му се израдуваа и му ги пренесоа своите детски желби и соништа. А во знак на благодарност на сите присутни им изрецитираа по една песничка.

    Посетат на Колото на српските сестри е резултат на постојана соработка, која се секоја наредна средба станува се појака. Тие постојано се со нас, не подржуваат и донираат секогаш кога за тоа има потреба и кога организираме манифестации во училиштето- рече и се заблагодари директорката на училиштето Розита Благојевиќ.