×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обиени тезгите на Зеленото пазарче на „Октомвриска“

    08.03.2019 17:59 | KumanovoNews

     Пазарџиите од Зеленото пазарче на булеварот „Октомвриска револуција“ се жалат дека со години наназад нивните тезги се мета на крадци во ноќните часови, а никој не презема ништо да ги заштити.

    Обиени тезгите на Зеленото пазарче на „Октомвриска“

    Последното разбојништво се случило ноќеска, кога биле скршени катанците на десетина тезги од каде се украдени метални пари, кои пазарџиите ги чувале за кусур.

    „Со години наназад не крадат. Преку ноќ ќе влезат, ќе ги скршат катанците и ќе си земат што си сакаат. Вреќа ориз, грав, патлиџани, пиперки, се што ќе им се најде при рака. Ноќеска ги собрале сите ситни пари што ги нашле во тезгите“, - вели  пазарџијата Даниел Илиевски.

    Тезгаџиите бараат од надлежните да направат физичка заштита, да го заградат горниот дел од оградата, да не може да се влегува во пазарот кога се затворени влезните капии.

    “Ние не сме заштитени од никого. Плаќаме за тезгата, плаќаме на УЈП, плаќаме струја, за тоалет, а немаме никави права. Ние сме тука веќе 20 години од отворање на пазарот и одсекогаш било така. Едно време самите си плаќавме и стражар. За три години можеби 1000 евра имам штета и на никој не му е гајле. Пријавуваме во Пазаришта, кај директорот ама не се преземе ништо со години“, - додава  Јадранка Трајковска.

    Раководителот на пазарот потврдува дека утринава кога дошле на работа затекнале скршени катанци и отворени тезги. Веднаш повикале полиција и извршен е увид.

    „ Обиени се десетина тезги од дваесетина колку ги има.Не е украдена стока туку само ситни пари. И до сега имало поединечни случаи, но ова е првпат толку масовно. Речиси нема тезга која не е отворена“, - изјави раководителот Горан Дамјановски.

    Од ЈП „Пазаришта“  велат дека директорот денеска се сретнал со закупците и во најкраток рок ќе бидат спроведени активности  за зајакнување на оградата на реонскиот зелен пазар.

    Од СВР Куманово потврдуваат дека ноќеска се случила кражба на Зеленото пазарче и велат дека работата на откривање на сторителите.

    Закупците кажуваат дека за една тезга плаќаат по 50 евра месечно, а во договорот  не стои дека им се гарантира безбедноста на стоката по работното време.  Затоа порано самите организирале и плаќале чувар во ноќните часови, но сега бројот на тезги е намален и не се во финансиска можност да ангажираат некого.

     Тие се жалат и дека немаат услови за нормална работа, бидејќи кровот тече, тоалетот не се чисти и хигиената не е на задоволително ниво. Поради тоа се почесто се откажуваат од работата. Разочарани велат дека политичарите и надлежните се сеќаваат на нив само за време на избори или кога треба да им натоварат  на грб уште некоја давачка.