500x100-1
13. 06. 2019 10:04

Објавен конкурсот за невеста и зет на „Шопска свадба“

Објавен конкурсот за невеста и зет на „Шопска свадба“

Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Ризница“ го објави конкурсот за избор на невеста и зет за културната манифестација „Шопска свадба 2019“

Сите заинтерсирани парови, кои сакаат да бидат кандидати за невеста и зет на Шопска свадба да испратат барање со свои податоци на емајл адресата: etnoriznica.mk@gmail.com или да се јават на телефонот 078/ 26 36 99. Овогодинешното издание на Шопска свадба ќе се одржи на 29 септември 2019 година, - соопштуваат организаторите.

Конкурсот за пријавување на невеста и зет ќе трае до 10 август годинава.

Проектот „Шопска свадба“ е поддржан од Министерството за култура и Општина Кратово.