×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавен оглас за закуп на земјоделско земјиште во Кумановско

    18.12.2018 08:13 | KumanovoNews

    Објавен е јавен оглас за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во катастраските општини Куманово, Љубодраг и Младo Нагоричане. Станува збор за 48 хектари на 3 парцели.

    Објавен оглас за закуп на земјоделско земјиште во Кумановско

    Во Куманово земјиштето кое се нуди на оглас е со површина од 12,5 хектари наменето за одгледување на други земјоделски култури и изградба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи во рок од 5 години. Почетната цена е 1.460,00 денари.

    Во Љубодраг под закуп се издава близу 27 хектари земјиште неменето за подигање на долгогодишни насади со лешник и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи за 5 години. Почетната цена е 3.222,00 денари.

    Во Младо Нагоричане се издаваат 8,5 хектари земјиште за одгледување на други земјоделски култури и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи во рок од 5 години. Почетна цена за закуп е 776,00 денари.

    Земјоделското земјиште предмет на огласот во зависност од видот на земјоделската култура која ќе се одгледува, ќе се доделува во времетраење од:

    -подигање на долгогодишни насади (лозја и овоштарници) и оранжерии за период до 30 години,

    -подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,

    -подигање на маслинарници за период до 50 години,

    -одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години.

    Како што истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски, се работи за атрактивно земјиште за чие давање под закуп услов ќе биде не само пријавување примарно производство, туку и доставување бизнис план за инвестирање во преработувачки капацитети.

    Станува збор за 1.420 хектари, односно вкупно 23 парцели во 13 региони: Штип, Гостивар, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Ресен, Свети Николе, Валандово, Гази Баба, Кратово, Берово и Струга.

    Огласот е објавен во „Службен весник“ и ќе трае наредните 30 дена. Според Николовски, ќе се спроведе во транспарентна постапка по пат на електронско јавно наддавање, а право да конкурираат имаат сите домашни физички и правни лица, како и странски правни лица.