×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавена програмата за прослава на пет века Куманово

    01.11.2019 11:33 | KumanovoNews

    Општина Куманово, денеска во 19:30 часот во Уметничката галерија во Куманово, со Меѓународната изложба на уметничка фотографија Фото Салон „Куманово 2019“ во организација на Фото кино клуб „Козјак“, ќе започне со одбележување на Ноемвриски денови, по повод 5 века постоење на Куманово.

    Објавена програмата за прослава на пет века Куманово

    Програма за одбележување содржи повеќе културни, музички, образовни и спортски манифестации. Ќе заврши на крајот на месецот со Кумановска гитаријада.

    Во продолжението ја објавуваме во целосната програма, за да граѓаните навремено се информираат за настаните.

    Утре (02.11.2019) со почеток во 19 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, ќе се одржи манифестацијата „Пензионерите за својот град“, во организација на Здружението на пензионерите во Куманово.

     Во понеделник (4 ноември) со почеток во 12 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи квиз „Колку го познаваш својот град?“, предвиден за младите, во организација на Општина Куманово.

    Истиот ден на 4-ти ноември, со почеток во 19 часот во Занаетчискиот дом ќе се одржи манифестацијата „Вечер со боја на вино“ во организација на ДНК „Парадигма“- Куманово.

    05 ноември 2019 година

    * Ликовна изложба на портрети на Градоначалници на Куманово и средба со успешни и истакнати личности од Куманово, Занаетчиски дом, 12:00 часот.

    - 06 ноември 2019 година

    * Сплет (музичко-ритмичка програма) Организатор: Ј.У. Детска градинка „Ангел Шајче“, Во спортската сала Куманово, со почеток во 12 часот.

    * Промоција на Монографија на Аероклуб „Куманово“Организатор: Аероклуб „Куманово“,   Занаетчиски дом, 18:30 часот

    * Вечер посветена на музиката на Трајко ПрокопиевОрганизатор: НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово, НУЦК „Трајко Прокопиев” Куманово, 20:00 часот

    - 07 ноември 2019 година

    * „Рома Фешн“ и  Фестивал на ромскиот фолклор ,,Јекипе – Единство 2019” Организатор: АНРИП „Рушит Шакир“ – Куманово, НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово,  од 18:00 часот

    08 ноември 2019 година

    * Традиционален турнир во ФУТСАЛ за пехар на Градоначалник,  Училишна сала при СОУ „Перо Наков“, 16:30 часот

    * Фолклорен концерт по повод „Ден на градот“, Организатор: КУД „Бајрам Шабани“ – Куманово, НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово, 18:00 часот

    * Музички концерт- настапуваат: „АТА“, „Кастро“, „Ки“, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски, Мартија Станојковиќ, Мартинијан Кириловски и „2 Бона“. Градски плоштад – Куманово, 20:30 часот

    09 ноември 2019 година

    * Меѓународен турнир во пинг-понг, Организатор: „Пинг Понг“ клуб Куманово и ОССК, Училишна сала при СОУ „Гоце Делчев“ Куманово, 10:00 часот

    * Ликовна изложба ,,Карпино – 2019“, Организатор: Мултимедијален центар ,,Карпино“, НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, 19:30 часот

    * Музички концерт-настапуваат: „Некст Тајм“ и Џенан Лончаревиќ,  Градски плоштад – Куманово, 20:30 часот,

    10 ноември 2019 година

    * КУП во спортско риболовство, организатор: ЗСРРК „Пчиња“ и ОССК, село Пчиња (река Пчиња), 08:00 часот

    * Рапид ѓаховски турнир , организатор: Градски Шаховски клуб „Куманово 1“ и ОССК,  Ресторан „РИМ-ПАРИЗ“ Куманово, 12:00 часот

    * Атлетска улична ноќна трка, организатор: Атлетски клуб „Куманово“, Атлетска Федерација на РСМ и ОССК,  Градски плоштад – Куманово, 18:30 часот

    * Ликовна изложба на Кумановски ликовни уметници, организатор: НУ „Народен музеј“ – Куманово,  Уметничка галерија – Куманово, 19:30 часот

    МЕГА КОНЦЕРТ-настапуваат: Нино Величковски, Маргица Антевска, Сандра Милковска, Дувачки оркестар Бојан Ристиќ и Лепа Брена, Градски плоштад – Куманово, 20:30 часот

    11 ноември 2019 година

    * Полагање цвеќе на Спомен „Костурница“ со пригодна програма во  11:00 часот

    * Свечена седница на Совет на Општина Куманово во „Трајко Прокопиев” – Куманово во 12:00 часот

    - 15 ноември 2019 година

    * Модна ревија (обувки и облека), организатор: Здружение на чевлари и Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово,  Занаетчиски дом, 19:00 часот

    * Промоција на документарен филмОрганизатор: Фото кино клуб „Козјак“ – Куманово„Трајко Прокопиев” – Куманово, 19:30 часот

    - 16 ноември 2019 година

    * Литературно поетска вечер ,,Подкозјачки литературни средби 2019“ во Куманово, организатор: Здружение „Јустиција” – Куманово, Занаетчиски дом, 19:00 часот

    - 17 ноември 2019 година

    * Семинар во боречка вештина АикидоОрганизатор: Аикидо клуб „АГАТСУ“ Куманово и ОСС,  СОУ „Перо Наков“ Куманово (училишна сала) 11:00 часот

    - 22 ноември 2019 година

    * Ликовна изложба „Арт меморија„Организатор: НУ „Народен музеј“ – Уметничка галерија – Куманово,19:00 часот

    - 28 ноември 2019 година

    * Промоција на документарен филм за Драгомир Шојиќ, Занаетчиски дом, 19:00 часот

    - 29 ноември 2019 година

    * Гитаријада-2019, Занаетчиски дом, 19:00 часот.

    (фото.архива)