×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Образовeн центар „Визија“ место за врвна надградба на знаењето

    27.08.2018 07:44 | KumanovoNews

    Образовниот центар „Визија“ започна со уписите за странски јазици, компјутери, програмирање и компјутерско сметководство, за деца и возрасни.

    Образовeн центар „Визија“ место за врвна надградба на знаењето

    Во ова време на глобална компјутеризација и интернет, знаењето е вистинската инвестиција. Најбараните и најдобро платените работни места во светот и кај нас се токму од областа на информатиката. Без добро владеење на странските јазици ограничени сте во својата кариера. Па, ако се наоѓате себеси во овие води, ако сакате на своите деца да им обезбедите убава и перспективна иднина, нема што да чекате - ВИЗИЈА со своите компјутерски курсеви и курсевите за странски јазици Ви дава одлична можност да фатите приклучок кон времето што доаѓа.

    СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

    Голем број на странски јазици: англиски, германски, словенечки, грчки, албански, француски, италијански, шведски и норвешки.

    - Нашите курсеви по странски јазици се одвиваат во мали групи, со стручни и искусни професори и современо опремени училници.

    - За најмалите курсевите ги комбинираме со компјутери за да биде поинтересно учењето на странскиот јазик.

    - За возрасните слушатели имаме низа специјализирани програми за вистинска подготовка за успешна кариера.

    - Интензивна програма за сите кои сакаат за кратко време да научат.

    - И за крај, на нашите часови никогаш  не е здодевно - учење, дружење, размена на искуства, практични проекти, маскенбали, приредби ... сé тоа во топла и позитивна атмосфера.

    КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ за ученици

    Компјутерските курсеви се наменети за ученици од основните и средните училишта. Со повеќегодишна, специјално осмислена и прилагодена програма на возраста на учениците, се обезбедува континуирано и комплетно информатичко образование. Првата година се започнува со изучување на Windows и MS Office, за да понатаму се продолжи со графички програми, изработување на web страни,...па до курсевите за програмирање во највисоките степени.

    КУРСЕВИ ЗА ПРОГРАМИРАЊЕ

    Курсеви за програмирање започнуваат со C++. Продолжуваат со Објектно програмирање во C++ и на крај Java. На учениците од најмлада возраст, преку мноштвото изработени програми и проекти им се дава основа за нивната програмерска иднина.

    КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ за возрасни

    Голем број на компјутерски курсеви за возрасни: Microsoft Word; Microsoft Excel; Напреден Microsoft Excel; Microsoft PowerPoint; Microsoft Access; Corel Draw;  Интернет; Auto Cad 2D;  Adobe Photoshop; Adobe Flash; …

    КУРС ЗА СМЕТКОВОДСТВО

    Верификувана програма од Министерство за образование на Република Македонија за Службеник во книговодство.Тој е еден од - најпосетуваните курсеви во ВИЗИЈА. Курсот е особено актуелен не само за студентите и идните сметководители, туку и а сите што работат во менаџментот, бизнис администрација, за секој што започнал или планира да започне сопствен бизнис.

    Контакт: 072 311 748, 031 424 247

    www.vizija.mk, [email protected]

    (комерцијален текст)