×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обука за подобрување за меѓуедничките односи

    02.02.2011 15:15 | KumanovoNews

    Во Куманово денеска и утре се одржува обука за зголемувањето на капацитетите на Комисијата за односи меѓу заедниците во Општина Куманово.

    Обука за подобрување за меѓуедничките односи

    Обуката ја организираат Форум Центарот за стратегиски истражувања од Скопје, во соработка со германската организација ЦССП (Кристијан Шварц Шилинг Проект за интегративна медијација), како дел од програмата на УНДП за зголемување на меѓуетничкиот дијалог и соработка.

    Mеѓуетничките односи се уште не се на потребното ниво, а тоа го покажуваат политичките односи во државата  На лично ниво имаме многу помалку проблеми во комуникацијата  одколку на политичко ниво, и мислам дека тоа е основата на која што треба да се градат односите помеѓу заедниците, оддносно многу повеќе личните ставови и односи да ги пресликаме на едно повисоко државно ниво. Статистичките и аналитички показатели покажуваат дека е тоа така- рече Зоран Јачев, експерт за локална самоуправа и меѓуетнички односи.

     Во своето излагање пред членовите на Комисијата за односи меѓу заедниците од општина Куманово и советниците тој нагласи дека соработката е поинтензивна само доколку постои заеднички економски интерес. За подлабоки врски или евентуално брковно поврзување како што се случува во европските земји засега е неприфатливо кај нас.