×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Oбвинети 13 лица за вооружениот инцидент во Мала Речица

    23.05.2018 10:14 | KumanovoNews

    Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против вкупно 13 лица за учество во вооружениот инцидент во Мала Речица на 5 април, во кој беа убиени и повредени членови на ДУИ од Куманово.

    Oбвинети 13 лица за вооружениот инцидент во Мала Речица

    Против четири лица е поднесен обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор, со кој  едно лице се товари за кривично дело убиство и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Три лица се товарат за кривично дело убиство во обид и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

    Надлежен јавен обвинител до Основниот суд Тетово предложи на тројцата обвинети кои се лишени од слобода, како и на еден обвинет кој и натаму е во бегство да им биде продолжен притворот до правосилноста на пресудата против нив.

    Против останатите девет лица ОЈО Тетово поднесе обвинителен предлог со кој сите се товарат за кривично дело учество во тепачка. За осуммина обвинети, доставен е предлог за определување мерки на претпазливост, додека за едно лице предложи определување мерка притвор до правосилност на пресудата, бидејќи станува збор за државјанин на Република Албанија.

    Во текот на истрагата, јавниот обвинител утврди дека обвинетите лица биле дел од две меѓусебно спротивставени групи, кои по претходен договор и заради претходна меѓусебна нетрпеливост, со возила дошле на местото на инцидентот во Мала Речица. Петмина, меѓу кои и починатото лице, биле вооружени со пиштоли, по што дошло до меѓусебна вербална расправија која прераснала во тепачка и употреба на  огнено оружје. Освен пиштоли, во тепачката биле користени бејзбол палки, секира, нож и други предмети.

    Обвинението на ОЈО Тетово е поткрепено со прибран опсежен доказен материјал, резултати од поголем број вештачења, анализи на траги од оружје и траги од биолошко потекло, како и обезбедени видео записи од надзорни камери, соопшти обвинителството.

    Во престрелката во селото Мала Речица помеѓу две групи вооружени лица беше убиен Наип Реџепи (47) од село Белановце, липковско, додека со тешки телесни повреди се здобил М.Ф, 23-годишник од кумановското село Черкези и 42-годишниот кумановец Р.С.