500x100-1
01. 10. 2010 18:26

Обвинувања за наместени тендри и во Старо Нагоричане

Обвинувања за наместени тендри и во Старо Нагоричане

Автопревозниците „Јоцо-турс“ и „Мамли травел“ тврдат дека го изгубиле тендерот во основните училишта во Општината Старо Нагоричане и покрај тоа што имале најповолна понуда и најниски цени за превоз на учениците.

Сопствениците обвинуваат дека работата ја добила фирма што имала неколку илјади евра повисока цена  од реалната, но е блиска до општинското раководство.

Понудивме цена пониска за 400 илјади денари од фирмата што го доби тендерот. Доставивме калкулација каде што ја образложивме понудата и објаснивме дека одиме со минимална заработувачка, а при тоа ги покриваме сите тошоци за услугата. Но и наспроти тоа не го добивме тендерот, бидејќи сме понудиле премногу ниска цена. Постапката е изведена на тенденциозен и незаконит начин во интерс на фирмата „Евро-жегра“ блиска до градоначалникот- вели Милован Трајковиќ, правен застапник на „Јоцо Турс“.

На теднерот за превоз на учениците во основните училишта „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане“, „Христијан Карпош“ Младо Нагоричане. и „Христијан Карпош“ во селото Драгоманце учествувале четири авто превозници. Фирмата „Мамли травел“ конкурирала во „Христијан Карпош“ Младо Нагоричане и понудила  1.338.300 денари, додека фирмата „Евро-жегра“ ја добила зделката за 1.804.500 денари.

Се работи за разлика од 8 илјади евра. Во тендерската документација немам никави пропусти, бидејќи оваа работа ја работам над 18 години. Јас сум одбиен, а поминаа 10 дена и сеуште нема добиено никакво известување. За тоа време ми истече правото на жалба. „Евро-жегра“ се занимава со автопревоз 5-6 месеци и не ги исполнува техничките и професионални услови за вршење превоз. Негови се само 3 возила, додека другите му се позајмени. Дел од возилата се без клима уреди, нерегистрирани и многу други пропусти, а цената е дупло повисока од нашата  - обвинува Гоце Додевски, сопственик на „Мамли травел“.

Претставниците на двете фирми бараат од Министерството за образование да спроведе ревизија на тендерот, бидејќи тврдат дека е направена неправда кон нив.

Наспроти обвинувањата на превозниците, Koмисијата за јавни набавки при Општина Старо Нагоричане ги отфрла обвинувањата како неточни и тврди дека целата постапка е во согласност со законската регулатива.

Автопревозниците кои конкурираа за превоз на ученици за потребите на основните училишта во Општина Старо Нагоричане за учебната 2010/2011 година изнесуваат лаги и невистини. Тендерот беше составен од три потточки каде што се бараше квалитет на возилата, цена и рок на плаќање. По разгледување на документацијата , законската процедура при бодување на учесниците на тендер  комплетно беше запазена и беа избрани најсоодветните превозници. Не подлегнуваме во јавните притисоци и неаргументирани искази и доколку некој од учесниците на тендерот не е задоволен од изборот, може со докази и документација да поднесе жалба до Државна комисија за жалби по јавни набавки на Република Македонија- велат од Комисијата.

Обвинувања за наместени тендри и во Старо Нагоричане