500x100-1
18. 03. 2017 22:36

Од 100 до 300 денари на час ќе се плаќа за тениските терени кај спортската сала

Од 100 до 300 денари на час ќе се плаќа за тениските терени кај спортската сала

Граѓаните и спортските клубови ќе плаќаат од 100 до 300 денари на час за користење на тениските терени „23 Oктомври“, кои се наоѓаат покрај спортската сала Куманово.

Цените ги донесоа советниците на последната седница, а со игралиштата ќе стопанисува општина Куманово.

„Цената ќе изнесуваат 100 денари во период од 8 до 16 часот, од 16 до 20 часот ќе биде 200 денари, додека во вечерните часови од 20 до 22 часот билетот ќе чини 300 денари. За тениските клубови во градот кои вршат обука на ученици ќе има бесплатно коритење на терените по три часа во текот на неделата,- изјави Виктор Божиновски, раководител во Секторот за правни работи во Општина Куманово.

Разликата на цени од 100 до 300 отсто, Божиновски ги правда со користење на рефлектори и потрошувачка на електрична енергија во вечерните часови.

Картите за теренските игралишта можат да се купат на благајната на Затворениот базен.

Четирите тениски терени беа изградени од Агенцијата за млади и спорт минатата година како дел од владиниот проект за изградба на 120 тениски терени низ целата држава, и во септември беа предадени на општината Куманово. Изградени се по високи стандарди за одигрување и на меѓународни натпревари.

Во градот постојат два тениски спортски клуба кои вршат обука на ученици и возрасни за популарниот спорт.