×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од 70 до 100 жени годишно заболуваат од рак на дојка во кумановско

    07.03.2019 10:16 | KumanovoNews

    Околу 100 жени од регион годишно заболуваат од рак на дојка, тврдат кумановските лекари.

    Од 70 до 100 жени годишно заболуваат од рак на дојка во кумановско

    Во Македонија не се води статистика за заболените од оваа болест, па проценката се прави врз основа на искуствата на лекарите.

    „На државно ниво отприлика од 700 до 1000 жени годишно заболуваат од рак на дојка. Ние сме една десетина, па пресметајте. Од искуство за 10 години само јас сум имала 270 пациентки. За жал смртноста е на високо ниво до 30 отсто. Жените не се вклучени во скрининг и затоа многу голем број на пациентки се откриваат во критичен стадиум, кога е многу помала шансата за оздравување, - изјави доктор Славица Јакимовска, специјалист радиолог во Општата болница Куманово.

     Возраста на пациентиките може да биде најразлична исто како и причините. Во Куманово најмладата пациентка е студентка на 21 годишна возраст, а има голем број на пациентки под 40 годишна возраст, но и над 70 години.

    Куманово веќе година ипол нема мамограф, откако стариот се расипа. Пациентките се праќаат во Скопје или приватно да се снимаат што дополнително го отежнува откривањето и борбата со опаката болест. Од Министерството за здравство најавија дека Кумановската болница во најскоро време ќе добие нов дигитален мамограф кој чини околу 150.000 евра.

    „ Како жени од најголемата општина во државата апелираме до здравствените власти да не стават на приоритетна листа во издвојувањето на средства за набавка на нов мамомат, кој ќе придонесе поголем број на жени навреме да отидат, да се дијагностицира болеста и успешно да се лекува,- изјави Атина Мургашанска, претседателка на Форумот на жени на СДСМ, која беше организатор на трибината "100 % Право на живот - за дијагностика и третман на рак на дојка“.

     Таа се надева дека големото присуство и интерес на жените за темата значи дека ќе ги применат препораките на докторката, бидејќи црните статистики покажуваат дека Куманово не се издвојува и сеуште е на долните граници на навремено откривање и третирање на ракот на дојката, а само раното откривање дава шанса за излекување од болеста.