×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од „Баба Цана“, па се до последната пицерија се следеле граѓани во Куманово

    24.10.2018 13:19 | KumanovoNews

    Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и ексначалникот на крим-техника на СВР Скопје Горанчо Савевски, кој сè уште е на функција во МВР и не е обвинет во предметот на СЈО „Титаник“ за изборни нерегуларности, според бомбите пуштени денеска во судница, разузнавал и прислушувал граѓани од Куманово, кои ги лоцирал како соработници на Зоран Дамјановски – Циц, тогашен градоначалник и кандидат на СДСМ на локалните избори во 2013 година.

    Од „Баба Цана“, па се до последната пицерија се следеле граѓани во Куманово

    Тој ѝ се јавува на тогашната министерка Гордана Јанкулоска и ѝ кажува првин за луѓе кои седеле во локал во Куманово.

    „Зборуваа за колумна во која се величи Циц. Тоа е прочитано од нивните усни во разговорот на масата. Му даваа поддршка на Циц. Ние ќе тераме до крај“, ѝ вели тој на шефицата.

    Јанкулоска му кажува за некој сопартиец кој ѝ рекол дека е на едно место, а за кој Савевски испитал и ѝ вели: „Вие кога сте му се јавиле, он седеше со тие луѓе на друго место“.

    Потоа Савевски прави цели анализи, кој со кого се среќавал во Куманово, кога и каде, и ѝ кажува на Јанкулоска дека од „Баба Цана“, па сè до последната пицерија, сите ги прошетал со своите тимови и видел кој за кого агитирал.

    Потоа ѝ предлага за некојси Слободан – Цобе и некојси Бранко да утврдат дали се со ВМРО-ДПМНЕ или отишле на другата страна. Тој потоа истражува една „жена со плава коса“ за кого работела во вториот круг на локалните избори во Куманово.

    Во еден момент, тој признава пред Јанкулоска дека прислушувал граѓани од Куманово.

    (Извор. СДК.мк)