×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од денеска почна електронската наплата на патарините

    03.07.2019 17:52 | KumanovoNews

    Стартуваше електронскиот систем за наплата на патарините Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридор 10, како и на наплатната станица Петровец.

    Од денеска почна електронската наплата на патарините

    Патарината се плаќа со бесконтактни смарт-картички и со микробранови транспондери, а покрај тие опции, одреден временски период останува и можноста за плаќање во готово.

    Еднократниот износ за картичката ќе чини 100 денари и таа ќе се надополнува со најмалку 300 денари, додека за таговите, што ќе се поставуваат на предното ветробранско стакло за да може електронскиот систем да ги чита од далечина, ќе чинат 1.200 денари со надополнување преку Интернет. При електронското плаќање ќе има попусти од два до седум проценти, а старите цени на патарините ќе важат при плаќање во кеш.

    Картичките и таговите ќе може да се купат на наплатните станици на Коридор 10 и во Контролниот центар во Петровец по што во наредниот период продажната мрежа ќе се прошири во институции со кои ќе склучиме договори за дистрибуција. Еднаш купената  картичка ќе може да се надополнува на телефон.

    Со уредите за електронска наплата (тагови) ќе може во иднина да се плаќа патарина во други држави.

    Преку Контролниот центар ќе се контролираат сите патарини на Коридорите 10 и 8, а со него ќе бидат поврзани и камерите што во иднина треба да бидат поставени покрај сите автопатишта и постојниот контролен пункт во Неготино, кај автопатот Демир Капија – Смоквица и пунктот што ќе се гради кај автопатот Кичево – Охрид.