×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од први јули се воведуваат две нови вакцини, за рота вирус и пневмокок

    14.06.2019 12:51 | KumanovoNews

    Од први јули почнува вакцинација на децата со две нови вакцини, односно за пневмокок и рота вирус, кои Министерството за здравство ги воведува во редовниот Календарот за имунизација.

    Од први јули се воведуваат две нови вакцини, за рота вирус и пневмокок

    Владата соопшти дека ја прифатила информацијата од Министерството за здравство за прогресот на активностите за реализација на акцискиот план за воведување на двете нови вакцини.

    „Во текот на овој месец до службите за имунизација ќе бидат дистрибуирани вакцините за пневмокок и рота вирус, а родителите од следниот месец кои што сакаат да ги вакцинираат децата ќе можат да го направат тоа“, соопшти владата.

    Вакцината за рота вирус се дава кај бебињата на возраст од два, четири и шест месеци, а пневмококната вакцина кај деца на два, четири и дванаесет месеци. Овие вакцини ги штитат децата од инфекции.

    Од Комитетот за имунизација, велат дека новите вакцини влегуваат во редовниот Календар за имунизација на населението и дека се воведуваат согласно препораките на Светската здравствена организација и УНИЦЕФ, и се високо безбедни и квалитетни.