Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На денешната владина седница беше донесена одлука, почнувајќи од септември наставниците и професорите да земаат повисоки плато за 5 отсто.
Платите ќе бидат покачени во основното, средното и високото образование, како и научните институции.
„Владата го задолжи министерот за образование и наука Арбер Адеми да ги потпише Спогодбите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за реализација на предвиденото покачување на платите. Со оваа одлука дополнително се задолжува министерот за образование и наука да изготви решение за новите коефициенти за покачување на платите и кај јавните високообразовни установи и јавни научни институти за 5 отсто, почнувајќи од исплата на платата за месец септември 2019 година“, стои во соопштението на Владата од денешната седница.