×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од следната сезона Кумановската болница ќе се грее на гас

    05.02.2019 14:55 | KumanovoNews

    Општата болница во Куманово од наредната сезона ќе се грее на гас. Министерството за здравство преземало одредени чекори за промена на системот на греење во повеќе јавни здравствени установи.

    Од следната сезона Кумановската болница ќе се грее на гас

    Приоритет е ставен на  Специјалната болница по гинекологија и акушество „Мајка Тереза" во Чаир, како и на општите болници во Куманово и Струмица, поради тоа што е подготвена инфраструктура за гасификација од општините.

    „Се надевам дека толку колку што трае тендерската постапка и сите законски рокови ќе поминат без никаков проблем и за скоро време, веќе за следната грејна сезона сите овие објекти ќе бидат подготвени да се греат на гас“, - изјави министерот Венко Филипче.

    Проектите се готови и влегле во планот за јавни набавки и ќе почнат да се реализираат како приоритет токму во овие три јавни здравствени установи.