500x100-1
08. 11. 2019 11:15

Од вечерва започнуваат концертите за прослава на 5 века Куманово

Од вечерва започнуваат концертите за прослава на 5 века Куманово

Во наредните три вечери кумановци ќе имаат можност да проследат концерти на домашни и регионални пејачи, кои за прославата за 5 века Куманово ги организира Општината.

 Првиот концерт вечерва ќе го отвори Ата, по што ќе следуваат настапи на кумановскиот рок бенд „Ки“, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски, Мартија Станојковиќ, Мартинијан Кириловски и ѕвезди на вечерта „2 Бона“.

 Утре (сабота) концерт ќе оддржи познатиот пејач Џенан Лончаревиќ, а предходно ќе настапи групата „Некст тајм“, кои за јубилејот на нашиот град ја испејаат песната „Прошета се Јовка Куманока“.

Во недела  на последната вечер од мега концертите ќе настапи Лепа Брена, а пред неа ќе пеат: Нино Величковски, Маргица Антевска, Сандра Милковска и дувачкиот оркестар на Бојан Ристиќ.

Сите три вечера концертите започнуваат во 20:30 часот на Градскиот плоштад во Куманово.