×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележан Денот на народното востание

    11.10.2019 11:36 | KumanovoNews

    Со полагање цвеќиња на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ, денеска делегации од Владата, Парламентот,  Општина Куманово, Сојузот на борци, АРМ, МВР, од политички партии и здруженија, институции и граѓани,  го одбележаа 11-ти Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ.

    Одбележан Денот на народното востание

    Премиерот Зоран Заев во својот говор од градот првоборец Куманово, порача дека на 11 октомври 1941 година бил означен почетокот на завршните процеси за впишување на македонската држава на мапата на народите во светот, но денеска кога сме исправени пред разни предизвици треба да продолжиме по патот на просперитетот на државата за  членство во НАТО и ЕУ.

    “Нашата мисија е да ги задржиме младите тука да се ангажираат во своите заедници, во своите градови, тука да живеат и работат, во својата земја. Нашиот приоритет денеска се инвестициите во инфраструктурата, изградбата на патиштата, железниците, како и помошта на македонскиот земјоделeц, чија работа и труд заслужува вреднување и почит. Нашата борба денес е борба со загадувањето, со корупцијата и со сиромаштијата. Нашата мисија денеска е исполнување на нашите стратешки цели, кои ја овозможуваат реализација на овие приоритети. Сите заедно сме на прегот пред официјално членство во НАТО и на почетокот на преговорите за членство во ЕУ, која ќе значи сосема ново поглавје во нашето посветено работење, со кои ќе ги подобриме сите сегменти во животот на нашите граѓани. За тоа сте потребни сите вие,граѓаните, кои сте современици на овие историски моменти за нашата земја и на нашиот народ“, - рече Заев од Спомен костурницата на паднатите борци во Куманово.

    Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, истакна дека овој ден е особено значаен за Куманово, бидејќи 800 борци од овој регион започнале борба за самобитноста, а голем дел ги оставиле своите животи за да ние денеска живееме во слобода во сопствена држава.

    „Денеска стоиме тука исправено пред вас, за да кажеме дека преземаме обврска, да повикаме на обединување, да тргнеме во нови економски победи, бидејќи тоа ни е повеќе од потребно. Република Северна Македонија и Куманово, ќе биде дел од еден голем мозаик кој претставува проперитет и светла иднина за сите наши граѓани, независно од вера, нација и политичка разлика“, -изјави Димитриевски.

    Прославата беше збогатена со културно-уметничка програма.