×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележан патрониот празник во „Толи Зордумис„

    08.06.2010 12:02 | KumanovoNews

     Основното училиште „Толи Зордумис„ од Куманово со свечена приредба го одбележа патрониот празник. Учениците изведоа повеќе точки во рамките на програмата насловена како „Сакам да бидам„.

    Одбележан патрониот празник во „Толи Зордумис„

     Директорот на училиштето пред присутните гости од Локалната самоуправа , училиштата , родителите се осврна на реализираните проекти во текот на учебната година.

    Оваа учебна година постигнавме многу високи резултати на општински И регионални натпревари, што доволно говори дека сме работеле со полн капацитет. Исто така актуелни се неколку проекти за подобрување на квалитетот на наставата, како што се проектот за моедрнизација  на училиштата, Пеп проектот  и обуките за компјутеризирана настава-изјави директорот Нинослав Тајковски.

     На свеченоста по повод 48 години од постоењето на училиштето , беа доделени признанија на професорите кои заминуваат во пензија и оние кои оствариле подолги години работен стаж во „Толи Зордумис„. Ученичка на генерацијата е Кристина Младеновска, а беа доделени И пофалници на учениците кои освоиле високи место на општинските и региналните натпревари.