×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележана 113 годишнината од битката на Челопек

    30.04.2018 10:58 | KumanovoNews

    Во организација на Обединетата српска заедница Куманово, вчера е одбележана  113 годишнината од битката на Челопечка кула.

    Одбележана 113 годишнината од битката на Челопек

     За историскиот настан зборуваше претседателот на ОСЗ Куманово, Часлав Јовановиќ.

    - По неуспешното востание на Србите во кумановскиот и кривопаланечкиот округ во 1878 година, и по крвата пресметка на Турците со востаниците, нивно измачување и свирепи убиства, настапила исклучително тешка состојба на просторот на цела Македонија.  Периодот до Првата Балканска војна 1912 година е исполнет со помали, но тешки и крвави борби на српските доброволци против турската војска, - изјави Јовановиќ.

    Битката на Чолопечка кула се случила на 29 и 30 април 1905 година. Во неа учествувале 130 а загинале 25 четници и српски доброволци.

    Во спомен на загинатите на 25 години од битката подигната е споменик во подножјето на Челопечка кула.

    На комеморацијата присуствуваа членови на ОСЗ и Српската странка во Македонија.