500x100-1
11. 06. 2018 11:59

Одбележана 74 годишнината од загинувањето на Вера Которка

Одбележана 74 годишнината од загинувањето на Вера Которка

Во организација на Сојузот на борците од Куманово, во саботата на Пониква беше одбележана годишнината од загинувањето на нашата сограѓанка учесничка во НОБ и партизанка во Третат Македонска ударна бригада, Вера Трајковска-Которка.

На чествувањето присуствуваа членови на семејството и ученици од основното училиште „Вера Которка“ од селото Клечовце, кои приредија мала приредба во чест на патронот и зборуваа за ликот и делото на младата партизанка.

Вера Трајковска-Которка е родена 1925 година, а загинала на 11 јуни 1944 година. Како ученичка на кумановската гимназија и борец на Третата МУБ, припадник на одредот на Христијан Карпош се истакнала во повеќето тешки и крвави борби за слободата на денешна Македонија, се’ до трагичната погибија во месноста Локвен на Пониква пред точно 74 години.

Одбележана 74 годишнината од загинувањето на Вера Которка