×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележана 75 годишнината од загинувањето на Карпош

    07.02.2019 15:27 | KumanovoNews

    Со повеќе активности денеска во Куманово беше одбележана 75 годишнината од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.

    Одбележана 75 годишнината од загинувањето на Карпош

     Здружението на воени и полициски ветерани синоќа оддржа свечена академија, а денеска Сојузот на борците организираше посета на Спомен куќата на Карпош.

    Ние кумановци сме горди и среќни што Карпош беше наш сограѓанин и тажни што не ја дочека слободата и создавањето на државата за која пред олтарот на слободата го положи својот млад живот. Во борбениот пат Карпош се калеше и стекнуваше борбени искуства, покажа храброст, одважност, другарство и секогаш бил во првите редови во борбените акции, - рече во своето обраќање претседателот на Здружението на воени и полициски ветерани, Драган Стојмановски.

    На прославата беше прикажан филм за Карпош, а беа доделени благодарници на заслужни граѓани и фирми кои помогнале работата на здружението.

    За историската улога на Карпош во создавањето на македонската држава и неговата храброст во името на Здружение на борците и поддржувачите денеска зборуваше Драган Гачиќ.

      Христијан Тодоровски Карпош, со својата храброст, умешност, раководење, командување, несомнено спаѓа во редот на легендарните команданти на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија, -рече во обраќањето пред присутните, Гачиќ.

     Христијан Тодоровски Карпош, роден 1921 година во Куманово, а бил убиен од страна на бугарскиот окупатор на 7 февруари 1944 година за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во селото Билјача, Прешевско.