×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележана Европската недела на мобилност во Куманово

    22.09.2017 14:44 | KumanovoNews

     Кумановци се погласно бараат од локалната самоуправа да создаде услови за непречено движење на пешаците и велосипедистите низ градот, и да ги тргне автомобилите од пешачките и велосипедски патеки

    Одбележана Европската недела на мобилност во Куманово

    Со трка на 400 метри на атлетскиот полигон „Соколана“ денеска во Куманово се одбележа Европската недела на мобилност. Стотина ученици од техничкото училиште „Наце Буѓони“, упатија порака граѓаните да се движат повеќе и да користат велосипеди, наместо автомобили. Манифестацијата ја организараше Општината Куманово и Секторот за животна средина.

    „Општина Куманово традиционално се вклучува во одбележување на овој ден. Минатите години организиравме трки со велосипеди, а годинава се одлучивме да му дадеме предност на движењето. Сметаме дека ова ќе биде поттик на граѓаните почесто да се движат, наместо да користат автомобил со што ќе придонесат не само за зачувување на животната средина, туку и за подобрување на сопственото здравје,- изјави Бобан Бојковски, инспектор за животна средина.

    Учесниците во трката апелираат младите повеќе да се занимаваат со спорт и да поминуваат повеќе време во природа, наместо пред компјутери.

     „Атлетиката многу ми значи и посветен сум и максимално. Ми беше чест што дадов придонес во одбележување на овој ден. Сите учесници се победници. Сакам на моите врсници да им препорачам дека трчањето, спортските активности и здравиот начин на живот треба да ни бидат приоритет во животот,- изјави Иван Тимчевски, атлетичар, ученик во втора година и победник на трката.

    Во Куманово нема доволно велосипедски патеки, а единствените на улиците Октомвриска револуција и Трета МУБ се узурпирани од автомобили. Затоа најхрабрите, малубројни велосипедисти, мораат да се движат по коловоз и се чувствуваат небезбедни во сообраќајот.  

    „Ова е прашање за идниот градоначалник. Ако сакаме да се користат повеќе велосипеди во градот, мора општината да обезбеди велосипетски патеки. Доколку сакаме административците да доаѓаат на работа со велосипеди треба да се обезбедат услови каде да ги паркираат, - додава Бојковски.

    Граѓаните се погласно бараат од локалната самоуправа да создаде услови за непречено движење со велосипеди по градот, бидејќи со тоа ќе намали сообраќајниот хаос, бучавата и загаденоста на воздухот од прекумерниот број на автомобили во централното градско подрачје.

    Дел од скопските општини го стимулираат и субвенционираат купувањето на велосипеди. Во европските градови граѓаните масовно ги користат велосипедите како побрзо и поекономично средство за превоз, додека кај нас престиж е да се вози автомобил и да се паркира што е множно поблиску до местото каде се оди.