×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележани 74 години од смртта на Карпош

    07.02.2018 19:22 | KumanovoNews

    Со низа манифестации во Куманово, вчера и денеска, беа одбележани 74 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош.

    Одбележани 74 години од смртта на Карпош

    Цвеќе пред бистата во дворот на Спомен-куќата на Карпош положија делегации од Здружението на борците од НОБ, општина Куманово, Советот, АРМ, Здружението на армиски и полициски ветерани, институции, здруженија и граѓани.

    Секретарот на локалната организација на борците и поддржувачите на НОБ, Благе Јакимовски рече дека Куманово се гордее што токму овде е роден народниот херој и ги повика генерациите да не ги заборават придобивките од минатото, кои се значајни за формирањето на државата.

    Народниот херој е роден во 1921 година во Куманово, бил убиен на денешен ден во 1944 година од страна на бугарскиот окупатор за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште кај селото Билјача, Прешевско.

    Христијан Тодоровски-Карпош е еден од осумте народни херои од Кумановско кои ги дале своите животи на текот на Народноослободителната војна. Тој бил член на Козјачкиот партизански одред.

    Во чест на големиот херој, синоќа во просториите на Здружението на армиски и полициски ветерани се одржа Свечена академија на која беше презентиран филм за Карпош.