×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одличен прием на претставата “Една големо среќно - ужасно семејство”

    22.11.2010 10:37 | KumanovoNews

     Театарската претстава  “Една големо среќно - ужасно семејство” (“One big happy-horrible family”) што ја играа актерите од драмската секција на младинскиот културен центар Мулти-Култи ги надмина сите очекувања.

    Одличен прием на претставата “Една големо среќно - ужасно семејство”

     Во преполна сала на Народниот театар, покрај премиерата во петок, публиката уживаше и во репризната претстава што се играше и наредниот ден.

    Претставата беше изведена на македонски и албански јазик.Во претставата се зборува за  темите од секојдневниот живот и проблемите на младите во нашиот град, сето тоа испреплетено со навиките и желбите на  повозрасните  и нивните грижи. Со претставување на традицијата, обичаите и семејните односи во две сосема различни на прв поглед, а во суштина исти семејства  се обидеме во реално светло да го прославиме правото да се биде различен а сепак еднаков. Презадовлони сме од посетеноста и реакциите на публиката. Кумановчани уште еднаш покажаа дека им недостасуваат настани на сцена и дека се подготвени да проследат квалитетна престава без разлика на кој јазик е изведена -изјави Андријана Колевска, еден од координаторите на проектот.

    Во претставата учестуваа 18 млади актери на возраст од 15 до 18 години, кои ја подготвуваа претставата под менторство на актерката Кети Дончевска Илиќ и асистент Фисник Јакупи. Младите актери од македонска и албанска етничка припадност, учествуваа на 5 месечен циклус работлници за театарска и драмска уметност. Циклусот работлници беше дел од проектот на НВО Центар за Меѓукултурен Дијалог и Канцеларијата на УНИЦЕФ "Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците",а истите се остваруваа како дел од програмите на Младинскиот Центар “Multi-Култи”.